СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Секој ден „заклучување“ чини 190 милиони евра“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска апелираше до граѓаните да се вакцинираат и да бидат подисциплинирани, бидејќи секој ден „заклучување“ ја чини државата 190 милиони евра.

На заедничката прес-конференција со кинескиот амбасадор Чен Бо, Вучиќ рече дека Србија не знае дали, како Кина, годинава ќе може да постигне економски раст од шест проценти.

Тој рече дека еден ден заклучување, како мерка за борба против ширењето на пандемијата, чини околу 190 милиони евра, што се многу пари, и поради тоа, државата се обиде да не оди со најтешките мерки со цел да се развие економијата.

„Никој не прашува колкави се трошоците за лекарите и болниците. Би ги замолил сите граѓани да помогнат и да одат на вакцинација, да бидат малку подисциплинирани“, рече тој.

Поврзани вести

На биткоинот може да му бидат потребни месеци за да се опорави (инфографик)

msp-admin

Комерцбанк очекува загуби и оваа година

Влатко Зорба

Завршено! Stellantis – четврти во светот

Влатко Зорба