СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Планот за дигитаниот јуан во Кина ги попречува најголемите пазари на биткоин

Силното рели на биткоин може да создаде проблеми во Кина, бидејќи нацијата напредува со напори да создаде дигитална верзија на нејзината валута.

„Ова е затоа што евентуалното лансирање на виртуелниот јуан може да влијае на пазарите на криптовалути доколку кинеските власти истовремено ги засилат регулативите“, истакна Филип Гилеспи, извршен директор на B2C2 Japan.

„Дигиталниот јуан ќе биде еден од најголемите ризици во крипто светот“, рече Гилеспи, кој претходно работел за Goldman Sachs Group Inc., цитиран од „Блумберг“.

Моќта на централните банки да издаваат виртуелни пари и да забрануваат користење на своите конкуренти е еден од клучните ризици за крипто-секторот. На кинеските граѓани веќе им е забрането да конвертираат јуани во токени, но практиката продолжува „под маса“, со користење на „Тетер“, дигитална паричка врзана за доларот. Парите потоа се насочуваат од тетер во биткоин и други токени.

Предлог законот за Народна банка на Кина, кој ја поставува основата за виртуелен јуан, вклучува одредба со која се забранува физички и правни лица да прават и продаваат токени. Во последниве денови, кинеската Внатрешна Монголија забрани „копање“ на криптовалута.

Застапниците на Тетер ја минимизираат загриженоста, велејќи дека дигиталните валути на централната банка (ЦБДЦ) нема да значат крај на стабилните пари.

„Успехот на Тетер обезбеди план за тоа како CBDC може да работи“, рече Паоло Ардоино, главен технолошки директор на Тетер и Битфинекс. „Покрај тоа, CBDCs веројатно нема да бидат достапни во јавните блокчеини како што се етереум и биткоин“, рече тој.

Биткоинот се зголеми за петпати во изминатата година, достигнувајќи рекордно ниво од 58.000 долари минатиот месец. Релито ги подели мислењата, при што некои тврдат дека се појавува нова класа на средства, додека други гледаат чисто коцкање од малопродажни инвеститори и шпекулативни професионалци.

Тетер е подеднакво контроверзен токен. Сепак, во неодамнешниот извештај на JPMorgan Chase & Co. се вели дека веројатно ќе има „сериозен шок за ликвидност за поширокиот пазар на криптовалути“ доколку се појават проблеми што влијаат на „подготвеноста или способноста на домашните и странските инвеститори да користат Тетер“.

Од своја страна, Гилеспи рече дека Тетерот е „многу ризично средство“ и дека е возможен „огромен шок за ликвидност“ доколку Кина го забрани. „Она што ќе се случи е дека ќе има масовна панична продажба“, рече тој.

Поврзани вести

Страшниот дух на инфлацијата кружи низ светот, ќе мора да се навикнеме на порастот на цените

Влатко Зорба

Дали туристичката индустрија ја гледа светлината на крајот од тунелот или сепак тоа е воз?

Влатко Зорба

Колку досега Кина има инвестирано на Западен Балкан?

Влатко Зорба