СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Градот каде што жичара е ТРАНСПОРТ за сиромашни (ВИДЕО)

Мексико Сити ја изгради првата од она што се надеваат дека е неколку жичари кои им служат на сиромашните и оддалечени населби на овој град. Иако огромен дел од светската популација користи жичари за туристички цели, овој град одлучи да ги користи на поинаков начин.

Имено, бидејќи голем број луѓе кои живеат во сиромашните квартови се отсечени од светот и не можат лесно да стигнат до поширокиот центар, властите најдоа решение во форма на побрз и поевтин јавен превоз до сиромашните заедници лоцирани на високи падини.

Досега се пуштени околу 2 километри жичница, а планот е таа линија да биде долга околу 10 километри до јуни.

Кабините можат да соберат 10 патници, и можат да поминат околу 20 километри на час, што, според медиумите, е далеку побрзо од најголемиот сообраќај во градот, поради лошата инфраструктура и големиот број луѓе.

„Во околината на градот живеат околу милион луѓе кои патуваат со мали возила и возат по многу тесни улици, што може да трае предолго“, рече Гилермо Калдерон, директор на системот за електричен транспорт во Мексико Сити.

Традиционалните решенија како метрото или автобусите тука се скоро невозможни, како поради метежот, така и поради одрони.

Градоначалничката на овој град, Клаудија Шејнбаум, изјави дека во моментов се гради друга линија на ваква жичарница во вториот квартал.

„Добриот превоз за сиромашните ја намалува нееднаквоста“, рече таа.

Поврзани вести

Суд: Надомест за домашна работа и во вонбрачна заедница

Влатко Зорба

Коби Брајант заработи над 300 милиони долари од кошарката – еве каде ги вложи своите пари

Влатко Зорба

Трик што го полуде целиот свет: Со вадење пликови, заштедувате 5.000 евра за една година

Влатко Зорба