СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Ќерката и зетот на Трамп потрошиле 100.000 долари на даночните обврзници поради тоалет

Иванка Трамп, најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, кој е советник на претседателот, потрошиле повеќе од 100.000 долари, пари на американските даночни обврзници за своето обезбедување, а сепоради тоа што не дозволувале агентите да ги користат тоалетите на нивниот имот, информира „Вашингтон пост“.

Службениците за спроведување на законот пред изданието изјавија дека ќерката на претседателот и неговиот зет им забраниле на агентите на тајните служби да користат еден од шесте тоалети во нивниот дом во престижниот кварт Калорама во Вашингтон, откако се преселиле во 2017 година. Наместо тоа, тие им обезбедиле хемиски тоалет на тротоарот.

Сепак, откако многу соседи се пожалиле на овој тип пренослив тоалет, агентите биле принудени да ги користат тоалетите во гаражата на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на потпретседателот и во рестораните во околината.

Конечно, во септември 2017 година, владата започна да изнајмува мал стан спроти домот на Трамп и Кушнер за 3.000 долари месечно, за да можат агентите да го користат тоалетот.

Досега, Владата потроши повеќе од 100.000 долари за изнајмување на приземниот стан, а сумата се очекува да се искачи на 144.000 долари со истекот на изнајмувањето во септември.

Во изјава за „Вашингтон пост“, портпаролот на Белата куќа, Џад Дир негираше дека Трамп и Кушнер им забраниле на агентите на тајната служба да ги користат тоалетите во нивниот дом.

Поврзани вести

Вртоглави бројки: Kолку заработија најплатените „јутјубери“ во 2020 година?

Влатко Зорба

Куче наследи 5 милиони долари

Влатко Зорба

Инстаграм откри како да заработите повеќе пари: Посочи точен број на „сториња“, објави и видеа

Влатко Зорба