СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Секој петти вработен во Србија работи од дома

Истражување за влијанието на пандемијата врз начинот на којшто функционираат компаниите во Србија, како и на внатрешната и надворешната трговска размена, покажува дека 23% од вработените во малите и средни компании, како и 17% од вработените во големи компании работат од дома, пренесува Nova.rs.

“Анализа на одговорите на повеќе од 300 анкетирани компании во Србија покажал дека практично секој петти вработен и понатаму работи од дома, но дали до крајот на годината ќе се врати во канцеларија или погон зависи само од епидемиолошката ситуација“, вели Драгољуб Рајиќ, консултант од Србија.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека за две третини од работниците места во помалите фирми и над 70% од позициите во големите компании едноставно не може да организираат работа од дома.

“Кога се работи за оние кои мора да бидат физички присутни на работните места, тоа се компании од секторот производство, дистрибуција и логистика, директна продажба, како и оние кои пружаат услуги што подразбираат физички контакт со купувачите“, додава тој.

Од друга страна, не сметајќи го ИТ секторот којшто инаку не е “физички“ врзан за деловен простор, има доста од оние кои своите работи ги извршуваат од сопствениот дом, како што се вработени во маркетинг, комерцијални и кадровски служби, како и административно – финансиски дејности.

Поврзани вести

Путин рече дека можеби ќе се занимава со лозарство, акциите на неговиот пријател винар скокнаа за 11%

Влатко Зорба

Сагата со „Gamestop“ продолжува: Акциите повторно се зголемија – за над 100 проценти

Влатко Зорба

Барелот нафта падна под нулата за прв пат во историјата

msp-admin