Стандард
КОМПАНИИ

Цените на нафтата паднаа по позитивниот тест на Трамп на корона

Цените на нафтата паднаа за над 3 проценти денес по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на коронавирусот, но и поради постојаната загриженост во врска со побарувачката поради триковите на американските преговарачи да постигнат договор за нов пакет на стимулации.

Северноморската нафта Брент падна за 1,47 центи, или 3,6 проценти, на 39,4 долари за барел, тргувајќи во 6:15 часот по средноевропско време.

Исто така, американската нафта WTI „потона“ за 3,6 проценти или 1,40 долари на 37,32 долари, пренесува Ројтерс.

И двата вида нафта се на пат да забележат големи загуби оваа недела, втора недела по ред – WTI скоро 6,0 проценти и Брент повеќе од 7,0 проценти.

Претседателот Трамп синоќа на Твитер објави дека тој и првата дама на САД, Меланија Трамп, се позитивни на Ковид-19, откако претходно објави дека го започнал процесот на самоизолација кога ќе се утврди дека неговиот главен советник Хоуп Хикс е позитивен на тестот за корона.

Нафтата веќе беше во негативна територија поради недостаток на договор меѓу претседателот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и Белата куќа за поголемо економско олеснување во услови на пандемија, што дополнително ги разгорува стравувањата на пазарот од влошување на побарувачката за „црно злато“.

Залихите на овој извор на енергија во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се зголемија во септември за 160.000 барели на ден (во БПД) во споредба со претходниот месец, според истражувањето на Ројтерс.

Зголемувањето е главно резултат на поголемите испораки од Либија и Иран, членки на ОПЕК, кои се ослободени од договорот меѓу нафтениот картел и неговите сојузници, предводени од Русија, за ограничување на производството.

Производството на нафта во Либија порасна побрзо отколку што очекуваа аналитичарите, поради олеснувањето на блокадата од страна на Либиската национална армија, која се обидува да ја преземе контролата над главниот град и чии сили се позиционирани главно во источниот дел на земјата, каде се наоѓаат повеќето од нафтените постројки.

Производството на сурова нафта во Либија се зголеми на 270.000 барели на ден, така што земјата ги интензивира своите извозни активности, изјави за британската агенција извор од либиската нафтена индустрија.

Поврзани вести

Шефот на „Нафтогас“: Запирањето на „Северен тек 2“ е прашање на живот или смрт за Украина

Влатко Зорба

На повеќе од 500.000 луѓе им се заканува отказ во Романија, кризата допрва ќе се почувствува во 2021 година

msp-admin

Маск потпиша договор со НАСА со цел да избегне судири во вселената

Влатко Зорба