СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на Huawei предупреди на растечката дигитална поделба

За време на својот говор на отворањето на мобилниот конгрес во Шангај, ротирачкиот претседател на Huawei, Кен Ху, привлече внимание на големото влијание што го има КОВИД-19 врз земјите, деловните субјекти и луѓето ширум светот и се фокусираше на улогата на технологијата во борбата против пандемијата.

Според него, иновациите не се однесуваат само на решавање на денешните предизвици, туку се важни за иднината. Ху истакна дека откако ќе се совлада пандемијата, треба сериозно да се размисли за тоа кои иновации можат да се создадат за да се подобри квалитетот на животот, за да се направи бизнисот „попаметен“ и да се создаде поинклузивен свет.

Кен Ху истакна дека иако нееднаквиот пристап до дигиталните технологии и вештини го прошири дигиталниот јаз, пандемијата значително ја влоши ситуацијата и донесе нови барања за квалитетот на комуникациската инфраструктура. Во услови на невидени предизвици, процесите на дигитализација се забрзуваат и се повеќе компании се потпираат на дигиталните технологии, додаде Ху.

Тој исто така ги објасни промените во дистрибуцијата на сообраќајот на податоци – пред пандемијата имаше изразени подеми и падови, но сега нема јасна граница меѓу нив. Кризата доведе и до зголемување на сообраќајот на податоци во просек за 50% на глобално ниво. Границите помеѓу потрошувачката на податоци на отворено и затворено и во урбаните и руралните области се нејасни.

Компанијата, исто така, гледа многу можности за дигитална трансформација. Huawei проценува дека до 2025 година 97% од големите компании ќе користат вештачки интелект. Според други проценки, во истата година, 55% од кинескиот бруто домашен производ ќе се генерира од дигиталната економија, а 60% од глобалните приходи од телеком ќе бидат од индустриски клиенти.

За да се исполнат тие проекции, „сите индустрии треба да се фокусираат на подобрување на своите можности, градење екосистем и создавање вредност со дигитални технологии“, додаде Ху. Од неговите зборови станува јасно дека заедно со своите партнери и регионалните оператори Huawei потпишал над 1.000 договори за индустриска употреба на 5G во над 20 индустрии.

Што се однесува до создавањето на инклузивен свет, Кен Ху предупреди дека постои реален ризик од бавно закрепнување од пандемијата. Тој предвидува зголемена поделба помеѓу организациите и луѓето кои активно имаат корист од дигиталните технологии и оние кои не ги користат. Со цел да се избегне нерамномерен развој и да се намали дигиталниот јаз, Ху смета дека фокусот на иновациите треба да биде насочен кон создавање поголема општествена вредност.

Претседателот на Huawei призна и дека 2020 година не била лесна година за компанијата, но успеале да постигне релативно стабилни резултати во рамките на очекуваните приходи и профит. Според него, 2020 година била и година на учење, што ќе донесе многу можности за компанијата во иднина.

Поврзани вести

Милиони поранешни гости го тужат хотелскиот ланец Marriott

msp-admin

Тојота развива нов мотор на водород

Влатко Зорба

Тесла инвестираше скоро 6 милијарди евра во фабриката близу Берлин

Влатко Зорба