СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на VW: Не се плашам од Apple

Извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис не се плаши од Apple, иако технолошката компанија има амбициозни планови во производството на електрични автомобили.

„Автомобилската индустрија не е типичен технолошки сектор што би можеле да го преземете со еден потег“, рече Дис во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Apple, според него, нема да успее преку ноќ.

Шефот на Volkswagen отвори Твитер и упати „закани“ кон Маск

Со години, аналитичарите во индустријата шпекулираат дека Apple ќе направи свој електричен, автономен автомобил во релативно блиска иднина.

Темата беше обновена во декември 2020 година, кога Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Appe планира да произведе патничко возило до 2024 година.

Во април 2017 година, Apple доби дозвола од Калифорниското биро за моторни возила да тестира возила со автономно управување таму.

„Токму тоа се случува во електричните и автономните возила и сродните технологии“, напишаа аналитичарите „Морган Стенли“ во белешката до инвеститорите во декември 2020 година.

„Можеби е вистинското време највредната компанија во светот да ја одигра својата улога на глобалниот пазар на мобилност вреден 10 трилиони долари“.

Поврзани вести

Германските компании предвидуваат ограничување на работењето до септември

Влатко Зорба

ПАНДЕМИЈА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Отпуштања во Европа, најмногу невработени во Австрија од Втората светска војна

Влатко Зорба

Влада: Уште 118 компании ќе користат бескаматни кредити од првиот пакет економски мерки

msp-admin