СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Хрватите штеделе за време на короната: Потрошиле дури 3,9 милијарди евра помалку од вообичаеното

Од почетокот на корона-кризата до сега, поточно од 24 февруари 2020 година до 17 јануари 2021 година, граѓаните на Хрватска ги намалиле своите трошоци за 29,3 милијарди куни (3,88 милијарди евра) во споредба со споредливиот период претходната година.

Во набудуваниот период се издадени 1,64 милијарди фискални фактури, чија вредност изнесувала 152,4 милијарди куни (20,18 милијарди евра), додека во споредливиот период една година претходно беа издадени 2,2 милијарди фактури, со вкупна вредност од 181,7 милијарди куни (24,06 милијарди евра), според Даночната управа, пренесува Хина.

Бројот на издадени фискални фактури опадна за 25 проценти од крајот на февруари минатата година до вчера, а нивниот износ за 16 проценти.

На годишно ниво, бројот на сметки во трговијата се намали за 18 проценти, на 1,03 милијарди, додека нивната вредност падна за осум проценти, на 109,6 милијарди куни (14,5 милијарди евра).

Во угостителството и туризмот, бројот на издадени фискални фактури падна за 43 проценти на 218 милиони, а нивната вкупна вредност е скоро преполовена (минус 48 проценти) и изнесува 13,7 милијарди куни (1,8 милијарди евра)

Поврзани вести

Римац откри како направил „автомобил без возач“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места

msp-admin

Претседателот на Samsung Electronics влегува во затвор

msp-admin