СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Shell планира да го купи најголемиот британски оператор на станици за полнење

Англо-холандската енергетска компанија Royal Dutch Shell ќе го стекне сопственикот на најголемата мрежа на јавни станици за полнење на електрични возила во Велика Британија – Ubitricity, а сумата останува непозната, пренесува Automotive News Europe. Целта на нафтениот гигант е да го трансформира својот бизнис во јаглерод неутрален до 2050 година или порано.

Ubitricity поседува 13,1 процентен удел во мрежата за полнење во Велика Британија, оставајќи ги зад себе компании како BP Pulse, Pod Poin и ChargePlace Scotland. Компанијата работи со над 2.700 пунктови во земјата, а договорот се очекува да заврши до крајот на оваа година.

Shell вели дека целта е групата да добие 100% од Ubitricity, основана во Германија, водечки снабдувач во Европа на услуги за полнење електрични возила, според „Фајненшл тајмс“.

Енергетскиот гигант објави дека аквизицијата ќе му помогне да го прошири бизнисот со станицата за полнење. Во моментов Shell има над 1.000 брзи и ултра-брзи точки за полнење гориво на 430 од своите бензински станици.

Следејќи го примерот на конкурентите како Total и Repsol, Shell го прошири своето влијание врз синџирот на снабдување со електрична енергија во последните неколку години, обврзувајќи се на глобална транзиција кон почиста енергија.

Поврзани вести

„Луфтханза“ е во преговори со производители за преминување кон помали авиони

Влатко Зорба

Паѓаат цените на нафтата

msp-admin

Сарач: Насмевката на лицето е најважна за здрав и долг живот

msp-admin