СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шпанија: Четири милиони луѓе се без работа

Бројот на невработени во Шпанија минатиот месец достигна четири милиони, според официјалните податоци на Министерството за труд.

Според објавените податоци, стапката на невработеност се зголеми за 1,12 проценти во споредба со претходниот месец.

Стапката на невработеност се зголемува петти месец по ред.

Бројот на невработени е за 23,5 проценти поголем отколку во февруари минатата година.

„Зголемувањето на бројот на невработени предизвикани од третиот бран на пандемијата е многу лоша вест и ги рефлектира структурните неуспеси на пазарот на трудот кои беа истакнати од пандемијата“, рече шпанската министерка за труд, Јоланда Дијаз.

Поврзани вести

Шефот на Huawei сака да зборува со Бајден

Влатко Зорба

Легендарниот „Colt“ преминува во чешки раце

Влатко Зорба

АД ЕСМ: Нема зголемување на цената на електричната енергија која ќе му ја продаваме на универзалниот снабдувач

msp-admin