СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Словенечката новинска агенција сè уште без пари за нормална работа

Словенечката новинска агенција (СТА) во петокот предупреди дека владата не платила за услугите дадени минатата година и дека сè уште не го започнала процесот за склучување на нов договор за 2021 година.

„Агенцијата не е платена за веќе обезбедените услуги веќе 43 дена. Ние продолжуваме да работиме и покрај прекинот на финансирањето, но последиците од оваа постапка може да доведат до прекинување на националната новинска агенција“, се вели во соопштението на управата и новинарите.

„Ова би предизвикало големо нарушување во информирањето на домашната и странската јавност за настаните во Словенија и во светот и би било удар врз имиџот на демократска Словенија“, додаваат оттаму.

Словенечката јавна новинска агенција обезбедува половина од своите приходи од државниот буџет, а остатокот од комерцијални извори.

Новинарските здруженија ја обвинуваат владата на конзервативниот премиер Јанез Јанша дека сака да ја зајакне контролата над агенцијата.

Поврзани вести

Американски ИТ гигант тврди: Работното време од 9 до 17 часот е МРТВО

Влатко Зорба

Huawei гради фабрика во Франција: Ќе произведува 5G опрема за целиот европски пазар

msp-admin

Vodafone Германија е прв европски оператор кој лансираше самостојна 5G мрежа