СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕУ: 12 милијарди евра за Западен Балкан и соседните земји

Во текот на 2020 година, Европската унија им помогна на 130 партнер земји ширум светот со повеќе од 26 милијарди евра да се справат со последиците од пандемијата КОВИД-19.

Од таа сума, Унијата издвои 12 милијарди евра за земјите од Западен Балкан и соседите на југ и исток, според Брисел, пренесува Танјуг.

„Унијата, пред сè, им помогна на своите непосредни соседи. Платени се околу 12 милијарди евра за поддршка на нашите партнери од Западен Балкан и соседи на исток и југ, за да им се помогне во справување со здравствени итни случаи, зајакнување на отпорноста на нивните здравствени системи, одржување на вработувањето и социјалната заштита и поддршка на економското закрепнување“, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека во 2020 година на Западен Балкан од ЕУ (вклучително и ЕК и земјите-членки) пристигнале повеќе од 11,3 милиони парчиња заштитна опрема и медицинска опрема, како што се апарати за дишење, кревети за интензивна нега, контејнери за тријажа на пациенти, амбулантни возила и 30.000 помали медицински помагала.

Итната европска поддршка за Западен Балкан, исто така, обезбеди повеќе од 80.000 тестови за Ковид-19, материјал за калибрација уште 580.000 тестови и 25.000 литри средства за дезинфекција.

Во 2020 година, тим Европа, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), ги поддржа земјите од Западен Балкан во подготовките за кампањата за вакцинација против КОВИД-19 и подобрување на целокупната отпорност на здравствени итни случаи.

ЕК додава дека компаниите од Западен Балкан исто така биле поддржани со вклучување на околу 70 локални банки во регионот за обезбедување полесен пристап до кредит за приватниот сектор.

Преку Европската банка за инвестиции (ЕИБ), Унијата обезбеди и средства за дополнителни инвестициски заеми во јавниот сектор и понатамошни заеми на фирми, за да се заштитат работните места во малите и средни претпријатија во регионот.

Обезбедени се и три милијарди евра макрофинансиска помош за поддршка на земјите од Западен Балкан, на кои им требаше помош за балансирање на нивните буџети поради зголемените алокации заради кризата КОВИД-19.

Поврзани вести

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски

msp-admin

Кино салите повторно „вртат“ милиони

msp-admin

Ако постојано ги искусувате овие 5 ситуации на работа, тоа значи дека сте „жртва на психичко насилство“

msp-admin