Хотелите во Србија не ги зголемија цените, но гостите преферираат објекти со базени, мир и тишина и можност за безбеден одмор, каде што нема други туристи.
Пополнетоста на хотелите во Србија во овој момент е околу 60%, додека приватното сместување во познатите туристички центри е скоро целосно распродадено, пренесува Политика.
“Коронавирусот и карантинот донесоа некои промени на нашиот пазар, па не забележавме дека преку онлајн платформи за изнајмување кај нас во понудата се појавија куќи што се изнајмуваат дневно по цена од 120 до 250 евра. Тие имаат подобри услови, базен, мир и тишина и можност за безбеден одмор. Мислам дека тоа не се регистрирани објекти, но се распродадени до крајот на август“, вели Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија – Yuta.
Тој вели дека хотелите во земјата не ги подигнале цените, на ниво од околу пет до 10%, но гостите во овој момент повеќе избираат објекти во коишто нема други гости и во коишто со своето семејство можат да обезбедат сигурен одмор, без многу ризици.