СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Србија ќе увезува работници од Индија, Пакистан и Турција?

Проблемот со недостиг од работна сила беше меѓу темите за коишто стана збор на овогодишниот Копаоник бизнис форум, а предвидувањата се дека Србија ќе мора наскоро да увезува работници, пренесува Екапија, пренесува „Бизнис Инфо“.

„Имаме два проблема кога станува збор за недостиг на работна сила. Ни недостасуваат и квалификувани и неквалификувани работници. Се плашам дека во најскоро време ќе мора да увезуваме работници од трети земји, Индија, Пакистан и Турција“, вели Драган Павелиќ, директор во компанијата Strabag.

Тој додал дека нискоградба во неговата компанија и понатаму се потпира на локалните капацитети и поголем е проблемот со високоградба. Според него, посебно е значаен проблемот со недостиг од образовани работници, пред сè инженери.

“Висококвалификуваната работна сила заминува на запад и драго ни е кога одат во Strabag во Австрија или Швајцарија, но од друга страна тоа ја ослабнува нашата позиција во Србија. Таа работна сила не можеме да ја увезуваме од трети земји и тоа е проблем“, рекол Павелиќ.

Поврзани вести

По падот на сообраќајот на најниско ниво во последните 25 години, европските аеродроми бараат помош

Влатко Зорба

BMW ќе го зголеми производството на возила во Кина

Влатко Зорба

КУБА ИМА НОВ ЕКОНОМСКИ ПЛАН: Ќе овозможи отворање на бројни приватни компании

Влатко Зорба