СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Стапката на невработеност во САД падна на 13,3 проценти во мај

Стапката на невработеност во САД падна на 13,3 проценти во мај од 14,7 проценти во април, а создадени се 2,5 милиони работни места, што е изненадувачки позитивен показател среде рецесија што ја парализира економијата погодена од пандемијата од коронавирус, покажуваат официјалните податоци.

Зголемувањето на бројот на работни места во мај укажува на тоа дека компаниите брзо ги повикаа назад работниците кога се отворија американските држави.

Економистите очекуваа дека стапката на невработеност ќе биде уште полоша во мај и ќе се искачи на скоро 20 проценти, но постепеното повторно отворање на економијата всушност придонесе за создавање нови работни места, а не на понатамошно укинување на постојните, според Си-Ен-Ен.

Другите податоци исто така покажуваат дека крахот на пазарот на трудот предизвикана од коронавирусот ја достигна својата најниска точка.

Бројот на лица кои аплицираат за бенефиции за невработеност се намалува за девет недели, а вкупниот број на лица кои добиваат ваква помош останува суштински ист.

Општо земено, загубите на работни места ги зголемија економските разлики што непропорционално ги засегнаа малцинствата и вработените со пониско образование. Иако стапката на невработеност кај белите Американци во мај беше 12,4 проценти, за Латиноамериканците 17,6% и за Афроамериканците 16,8%.

Дури и со овој изненадувачки пораст на вработеноста во мај, може да поминат неколку месеци пред сите оние кои ги загубија своите работни места во април и март да најдат нови работни места.

Некои економисти предвидуваат дека стапката на невработеност би можела да остане двоцифрена дури и по претседателските избори во ноември во Соединетите држави и да премине кон следната година.

Поврзани вести

Германците најдоа решение за одржување на божиќни панаѓури (ВИДЕО)

msp-admin

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin

Маск твитна дека „Тесла“ може да стане најголема компанија, па избриша

Влатко Зорба