СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Жито Лукс ќе донира производи во Народната кујна во Шуто Оризари

Со донација од брашно и леб, Жито Лукс ќе го помага работењето на Народната кујна што денеска се отвори во Шуто Оризари. Компанијата Жито Лукс го поддржа проектот на Општина Шуто Оризари и го поздравува отворањето на народната кујна како начин на вистинска и искрена грижа за оние што имаат потреба.

“Постоењето на народна кујна е концепт во којшто како компанија силно веруваме и затоа го поддржуваме, да се даде непосредна, континуирана, секојдневна помош на лицата на кои помошта им e најпотребна. Со секојдневна донација ќе бидеме присутни и тука, овозможувајќи граѓаните кои се во социјален ризик да добијат топол оброк и свежо печен леб. Веруваме дека оваа народна кујна ќе биде место каде што сите граѓани што имаат потреба ќе најдат топол оброк и овој пример ќе се следи и понатаму и во другите градови каде што има потреба”, велат од Жито Лукс.

Народната кујна е проценето дека секојдневно ќе опслужува повеќе од 200 семејства кои се во социјален ризик.

Поврзани вести

Трамп стартува своја социјална мрежа?

Влатко Зорба

Тужба за компанија што тврдела дека нејзината облека е отпорна на Ковид-19

msp-admin

Nestle продаде дел од бизнисот со минерална вода за 4,3 милијарди долари

Влатко Зорба