СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Светска банка за стандардизирање на договорите за вакцини против корона

Светска банка работи на стандардизирање на договорите за вакцини против Ковид-19 што земјите ги потпишуваат со производителите и бара од фармацевтските компании да бидат поотворени за тоа во кои земји се испраќаат дозите, рече во петокот претседателот на меѓународната институција.

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас за Ројтерс изјави дека Светска банка работи на испорака на повеќе вакцини во сиромашните земји, истакнувајќи дека администрацијата одобри 1,6 милијарди долари за вакцини во 12 земји, вклучувајќи ги Филипините, Бангладеш, Тунис и Етиопија, до крајот на март, по што програмата од 12 милијарди долари ќе опфати уште 30 земји.

Покрај тоа што им помага на сиромашните да купуваат вакцини, Светска банка работи и на стандардизација на договорите меѓу земјите и производителите.

Приватната филијала на банката, Меѓународна финансиска корпорација, ќе инвестира 4 милијарди долари во проширување на постојните или изградба на нови капацитети за производство на вакцини, вклучително и во земјите во развој, но потребни се повеќе информации за тоа кон кои земји е насочено тековното производство.

Средствата на Светска банка можат да се користат за проширување на фабриката и во развиените земји, доколку производството е наменето за земјите во развој, објасни Малпас.

Тој го поздрави ветувањето на групата од седумте најбогати земји во светот да ја засилат соработката во справувањето со пандемијата и изрази надеж дека испораката на вакцини до сиромашните ќе биде забрзана.

Поврзани вести

Земји чии економии ќе останат „недопрени“ од корона-кризата

msp-admin

„Maserati Neptune“: Електричен суперавтомобил на иднината? (ФОТО/ВИДЕО)

Влатко Зорба

За прв пат во историјата: Жена на чело на СТО

Влатко Зорба