СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тешки денови за Alibaba: Во морето на е-трговијата има повеќе големи риби со кои треба да се натпреварува

Кинеските потрошувачи купуваат повеќе преку стриминг во живо и видео апликации – нов тренд што влијае на мал дел од масивниот пазар, во кој традиционално доминира гигантот за е-трговија Alibaba.

Популарните апликации за стриминг во живо и кратки видеа станаа важни маркетинг канали во 2020 година, преку генерирање милијарди продажби – преку поврзување на гледачите со постојните или сопствените веб локации за е-трговија.

Kuaishou собра повеќе од 5 милијарди долари во петокот на најголемото ИПО (првична јавна понуда) во Хонг Конг, од почетокот на пандемијата.

Бруто обемот на стоки (GMW) за единаесет месеци до ноември се зголеми скоро осум пати во споредба со 2019 година, на 332,68 милијарди јуани (51,44 милијарди долари), според Kuaishou.

GMV е метрика што најчесто се користи во е-трговијата за мерење на вкупната вредност на продадената стока за одреден временски период. Компанијата првенствено заработува со продажба на виртуелни подароци што корисниците можат да ги купат за своите омилени стримери во живо. Акциите на Kuaishou пораснаа скоро 200% на отворањето.

Douyin, кинеската верзија на TikTok, исто така бележи раст во трансакции преку е-трговија – тројно зголемени од 2019 година. Апликацијата Wechat има повеќе од милијарда активни корисници на ден, а исто така стана и платформа за онлајн купување.

Стриминг платформите сè повеќе стануваат места за купување преку Интернет. На пример, страницата за стриминг на Алибаба, Taobao Live, генерираше повеќе од 400 милијарди јуани кога станува збор за бруто-обемот на стоки. Постои огромен интерес за овој вид шопинг во Кина.

Продажбата на мало на Интернет на физички добра, во Кина, минатата година се зголеми за 14,8%, на вкупно 9,759 трилиони јуани, што претставува 25% од целата потрошувачка стока продадена во земјата.

Поврзани вести

ИЕА ја намали својата прогноза за побарувачката на нафта во 2021 година

Влатко Зорба

Само најскапите и луксузни брендови можат да си дозволат да ги зголемат цените за време на пандемијата

Влатко Зорба

Тајно ВИДЕО од состанок на Твитер: Наметнува ли Џек Дорси цензура?

Влатко Зорба