Статистиката на AnTuTu дава идеја за карактеристиките на типичен паметен телефон со Android денес. Податоците се од кинескиот пазар – најголем во светот – и се за третиот квартал. Во принцип, современиот паметен телефон има 128 GB флеш меморија, Android Pie OS и голем екран.
39,7% од паметните телефони со Android кои се продаваат во периодот јули-септември имаат екрани од 6,4 инчи, 12,1% од уредите се со 6,3 инчи, а 9,2% се во категоријата 6 инчи. Севкупно, 88,5% од продадените паметни телефони имаат големина на екранот од најмалку 6 инчи.
Што се однесува до резолуцијата, најпопуларни во моментов се уредите со 2340х1080 пиксели, што значи сооднос 19,5: 9 – тие зафаќаат 58,3% од пазарот. Екранот со 2160х1080 пиксели зафаќа 8,8% од пазарот, додека Full HD отпаѓа на 8,6%.
Кај процесорите доминираат решенијата со 8-јадра (97%). Само 2,2% се со четири јадра, а 0,5% имаат 10 јадра.
Во однос на RAM меморијата, 41,4% од паметните телефони имаат 6 GB, 38,2% имаат 8 GB и 12,9% имаат 4 GB. Максимални 12 GB се инсталирани на 4,2% од паметните телефони.
Флеш-меморијата (постојаната меморија) најчесто е на 128 GB (59%). На 23,8% од паметните телефони се инсталирани 64 GB простор за складирање и 12,9% имаат 256 GB. Уредите од 32 GB се само 2,7%.
Во однос на оперативните системи, 81,9% од паметните телефони работат со Android Pie, а 11,6% работат Android Oreo. Другите верзии содржат повеќе од 3%.