СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трамп забрани трансакции со „ТикТок“ и „Вичет“ во САД (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша уредби со кои се забранува трансакции со сопствениците на апликациите „ТикТок“ и „Вичет“ во САД. „ТикТок“ е во сопственост на „БајтДенс“, која е основана во Пекинг во 2012 година од Џанг Џиминг, 30-годишен компјутерски инженер, кој беше еден од 20-те најбогати луѓе во Кина минатата година.

„Вичет“ е апликација за инстант пораки на кинескиот интернет гигант „Тенсент“.

Според декретот, забраната за трансакции со „БајтДенс“ ќе стапи на сила за 45 дена, а Трамп потпиша слична за сопственикот на „Вичет“.

Вашингтон се сомнева дека апликациите ги користи кинеската разузнавачка служба.

„ТикТок“ негира споделување на податоците со кинеските власти.

Во декретот се наведува дека „зголемувањето на бројот на мобилни апликации во САД, кои се развиени во Кина и кои се во сопственост на кинески компании, продолжува да ја загрозува националната безбедност, надворешната политика и американската економија“.

Со оваа одлука, Трамп отвора нов фронт во технолошкото ривалство со Пекинг, пренесува АФП.

Поврзани вести

ЕСМ ќе донира три милиони денари помош за Албанија

msp-admin

Најголемиот светски суверен фонд инвестира скоро милијарда долари во турски компании

Влатко Зорба

Ветерната енергија е главниот извор на електрична енергија: Оваа земја дава милијарди за да ги затвори нуклеарните централи

Влатко Зорба