СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Три плати или „шверц комерц“ – како во Југославија се купувале првите компјутери

Увозот на компјутери на југословенските простори бил овозможен во ноември 1984 година, со одлука на тогашната влада, односно Федералниот извршен совет. Тогаш компјутерите изнесувале над 70.000 динари, а просечната плата била 21.718 динари.

Дотогаш деловите за компјутери или цели куќишта влегувале во земјите илегално, иако тоа продолжило и по овие олеснувања, имајќи предвид дека компјутерите биле значително поскапи на просторите на поранешна Југославија отколку во странство, пренесува Ѕtartit.

Оваа приказна воедно била и прва на страниците на првиот број на списанието Свет на компјутерите (Svet kompjutera). Во списанието пишувало дека во продавниците на Iskra во Белград се појавил англискиот компјутер Sinclair ZX Spectrum со 16 килобајти меморија. Со компјутерот се добивале и касети со видеоигри.

Компјутерите ги склопувала словенечка Iskra од деловите што ги испраќала англиската компанија, а како што било најавено во текстот, планот бил деловите да почне да ги произведува Iskra, со цел да се намали цената на компјутерите.

Станувало збор за компјутери за почетници, а учениците од едно училиште во Словенија се обидувале со собирање стара хартија да заработат пари за во својата училница да воведат компјутерска револуција.

“Знаете, ние ја потценуваме младата генерација. Во Југославија денес илјадници млади луѓе се способни да состават компјутер, но немаат каде, освен во странство, да купат дури и наједноставни составни делови. Увозот е забранет и не е тајна дека понекогаш компонентите се шверцуваат дури и за научни институции. Постои знаење што не може да се научи од книгите. Во другите земји тоа одамна го сфатиле. Се чини дека нам ни е потребно повеќе време за тоа и затоа заостануваме“, вели Маријана Шпегел, тогашна директорка од одделението за компјутери и информатика во училиштето Јожеф Стефан.

Овие зборови од Шпегел звучат актуелно и денес, иако се кажани пред точно 36 години. Интересно е тоа што во списанието се наведува и примерот на еден татко од Чикаго кој се заканил дека ќе го отпише од училиштето својот син ако не набават компјутер за него бидејќи се плашел дека нема да има шанси да се вработи кога ќе го заврши училиштето.

Тука е и примерот од тогашниот француски претседател, кој по доаѓањето на власт во 1981 година прво потпишал акт за воведување компјутери во француските училишта.

Поврзани вести

Тесла со предлог за инвестиција во земјата со најголемите резерви на никел во светот

Влатко Зорба

Дигиталната трансформација во Европа не може да се случи без отворен пазар

Влатко Зорба

GreatWall ќе произведува електрични автомобили на Xiaomi

Влатко Зорба