СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Твитовите на Маск мотивирале 40% од луѓето да инвестираат во криптовалути

Провокативните твитови на американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“, Елон Маск, за криптовалутите, се претворија во вистински повик за акција за Американците кои ги прават првите чекори на тој пазар.

Анкета преку Интернет, спроведена минатиот месец од платформата „Пиплсеј“, во сопственост на фирмата за истражување на пазарот – „Шлезингер“ од Њу Џерси, покажува дека 37 проценти од испитаниците барем еднаш инвестирале во некоја криптовалута врз основа на твитовите на Маск.

Шеснаесет проценти од испитаниците, наводно, инвестирале многу пати по не многу јасен совет што Маск го објавил на Твитер.

Според истражувањето спроведено на 30.400 луѓе, скоро половина од испитаниците изјавиле дека твитовите на Маск за трендовите на пазарот се „доста интересни“, една четвртина изјавиле дека главно не се сигурни, а 29 проценти не уживаат во неговите објави.

Во исто време, 48 проценти од анкетираните Американци го оцениле Маск како „генијалец“, додека седум проценти сметале дека тој е „будала“.

Скоро половина признаваат дека се восхитуваат на неговата „страст и посветеност“, додека 35 проценти велат дека ја мразат „ароганцијата“ на Маск.

Поврзани вести

Financial Times ги прогласи сопствениците на „BioNTech“ за личности на годината

msp-admin

Nestle продаде дел од бизнисот со минерална вода за 4,3 милијарди долари

Влатко Зорба

Поранешната сопруга на Безос донирала 1,7 милијарди долари за добротворни цели

msp-admin