СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Uber стартува со хеликоптерски транспорт до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“

Компанијата за споделено патување Uber Technologies наскоро ќе започне со хеликоптерски летови до Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, кои корисниците ќе ги повикаат преку мобилна апликација, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата денес ја објави својата услуга Uber Copter, велејќи дека летовите од и до центарот на Менхетен ќе бидат достапни за сите корисници на платформата од 7 октомври. Uber ја понуди услугата на своите премиум претплатници уште во јуни.

Скоро 8-минутниот лет ќе чини помеѓу 200 и 225 долари по човек и ќе вклучува и копнен превоз за остатокот од патувањето. На патниците им е дозволено да носат мал куфер и мора да гледаат видео со безбедносни правила пред поаѓањето.

Цените на Uber се блиски до оние на нивните конкуренти. Blade, на пример, нуди патување од Менхетен до истиот аеродром за 195 долари, но не вклучува друг превоз до крајната дестинација.

Летовите со Uber-брендираните хеликоптери се исполнуваат од HeliFlite Shares, лиценцирана чартер-компанија со седиште во Њу Џерси.

Uber вели дека услугата има за цел да го намали времето за патување.

Проверката на „Ројтерс“ за лет оваа недела покажува дека биле потребни 70 минути за да патуваат од канцеларијата на компанијата до аеродромот, вклучително и патување со метро и двапати со возило на Uber. Според агенцијата, ова е скоро онолку долго, колку што вообичаените такси поминуваат при вообичаениот градски сообраќај.

Но, Uber може значително да ги прошири своите услуги, според Ерик Елиасон, шеф на Elevate, програмата за изнајмување на летови со Uber.

Поврзани вести

Заблуди околу инвестирање во злато

msp-admin

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски

Најпродавани возила во Европа: Golf повторно на врвот

msp-admin