СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вештачката интелигенција има потреба од нови правила, велат од Google

На системите за вештачка интелигенција веќе им се потребни нови регулаторни правила, рече извршниот директор на Google, Сундар Пичаи во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Според него, ВИ технологијата е веќе корисна, но за да може луѓето да продолжат да го добиваат само позитивното од неа, вештачката интелигенција „мора да се развие одговорно“.

Сундар Пичаи смета дека се потребни нови регулаторни правила со оглед на потенцијалните закани што се предизвикуваат со технологијата за препознавање на лицето. Сепак, прашањето е како правилно да се регулира вештачката интелигенција, со оглед на потенцијалот на технологија за употреба во различни области.

– На некои места потребни се построги контроли, а на други може да се даде поголема слобода, додава Пичаи. На пример, на беспилотните возила им се потребни нови правила, додека постојните регулативи може да се остават во медицината.

Пичаи вели дека компаниите како Google не можат сами да создаваат нови технологии и да одлучат како да ги користат. Важно е новите технологии да бидат достапни за сите и да се користат за добро, а за тоа е потребна соработка меѓу земјите и заеднички стандарди ширум светот, вели менаџерот.

Поврзани вести

Бесими: Кризната година ја завршивме со 81 процент реализација на капиталните расходи

Влатко Зорба

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

msp-admin

Како се перат пари со биткоини?

msp-admin