СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ворен Бафет на списокот на најбогати

Американецот Ворен Бафет, кој е познат како еден од најуспешните инвеститори во светот, се приклучи на ексклузивниот клуб на богати, во кој меѓу другите се и Бил Гејтс, Џеф Безос, Елон Маск.

90-годишниот Бафет, кој е претседател на инвестициската компанија „Беркшир Хатавеј“, го исполни главниот услов за членство во овој „клуб“ – богатство вредно повеќе од 100 милијарди долари.

Иако со децении беше на врвот на светската ранг-листа за богатство, неговото лично богатство не го надминуваше тој износ до завчера.

Се истакнува дека една од причините е што тој донираше милијарди од своето богатство во добротворни цели.

Според податоците, само од 2006 година тој издвоил повеќе од 37 милијарди долари за добротворни цели. Бафет е еден од иницијаторите на кампањата „Giving Pledge“, чија цел е да ја поттикне филантропијата меѓу милијардерите.

На списокот на потписници на оваа кампања се наоѓа Мекензи Скот, која некогаш беше во брак со Џеф Безос, основачот на Амазон. За само четири месеци минатата година, таа донираше повеќе од четири милијарди долари од своето богатство.

Петтиот член на ексклузивниот клуб се Бернард Арно и неговото семејство. Марк Закерберг, еден од основачите на социјалната мрежа Фејсбук, испадна од ексклузивните редови, според списокот на милијардери на „Форбс“.

Цената на акцијата на компанијата на Бафет годинава се зголеми за 15 проценти. Во последниве години, инвестициската фирма се бори да најде бизнис што ќе го поттикнат нејзиниот раст, со оглед на нејзината големина.

Компанијата со седиште во Омаха е главен акционер во „Епл“ и други технолошки компании, чија вредност порасна во текот на изминатата година, во услови на епидемија.

„Беркшир Хатавеј“ беше неуспешна компанија за текстил пред да стапи под контрола на Бафет уште во 1965 година. Бафет поседува повеќе од 90 компании.

Поврзани вести

Џони Ајв веќе не е дел од Apple

msp-admin

ИТ гигантите додадоа 3,4 трилиони. долари кон својата вредност во 2020 година

Влатко Зорба

Дури и најсилната европска економија не е отпорна на короната, загрозени 15% од компаниите

msp-admin