СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вработените во Google тајно формираа синдикат

Повеќе од 200 вработени во Google во САД формираа синдикат, објави Ројтерс.

Синдикатот на работници во Alphabet (Alphabet Workers Union) има за цел да осигури дека вработените во ИТ гигантот добиваат фер надомест, без страв од вознемирување, одмазда или дискриминација, напишаа лидерите на синдикатите во коментарот објавен денес во весникот „Њујорк Тајмс.

Досега компанијата не одговорила на барањата за коментар.

Формирањето на синдикати е крајно невообичаено за технолошкиот сектор, кој долго време се спротивставуваше на ваков тип организирање на високо квалификувани кадри во индустријата, забележува „Њујорк Тајмс“. Со години наназад, Google вработените во Google бараат преглед на политиката на определување на плати, мерките за борба против малтретирање и етиката.

Синдикатот беше организиран тајно во најголем дел од минатата година, а раководството беше избрано минатиот месец. Сепак, за разлика од традиционалните синдикати, кои бараат работодавачот да седне на масата за преговори во обид да се постигне колективен договор, синдикатот на Google е од типот „малцински синдикат“, што претставува само мал дел од над 260.000 вработените и подизведувачите на концернот.

Според официјалните лица, првичната цел на организацијата била да добие структура и трајно присуство на работнички активизам во Google, наместо да преговара за колективен договор.

Поврзани вести

Може ли биткоинот да го замени златото?

msp-admin

Корона кризата силно удри врз транспортната индустрија

Берта Китинска

Словенија се задолжи за уште две милијарди евра

Влатко Зорба