СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Занаетчии ќе добијат 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.

Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари.

Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант.

Со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60% од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант.

Претходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.

Право на учество ќе имаат занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик којшто ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

Поврзани вести

Поскапуваат горивата – „еуросупер 95“ за три, а „еуросупер 98“ и еуродизелот за 2,5 денари

msp-admin

Над 100.000 домашни платежни картички во вредност од 9 милиони евра се издадени на граѓаните

msp-admin

Работа од дома на Малдиви? Колегите би ви завидувале, а цената е „вистинска ситница“

msp-admin