СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Заработката на Старбакс падна за 38 проценти

Пандемијата на коронавирус негативно се одрази на бизнисот на глобалниот ланец на кафетерии „Старбакс“.

Затворањето на кафетериите поради мерките преземени против ширењето на короната до крајот на јуни и донесе на компанијата нето загуба од 678 милиони долари, објави „Старбакс“.

Приходот паднал за 38 проценти на 4,2 милијарди американски долари.

И покрај големите загуби, „Старбакс“ мина низ кризата подобро отколку што очекуваа аналитичарите.

Шефот на компанијата, Кевин Џонсон, рече дека бизнисот континуирано закрепнува и дека повеќето филијали низ целиот свет повторно се отвориле.

Поврзани вести

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

Влатко Зорба

Објавени најуспешните претприемачи за 2019 година

msp-admin

Амазон под лупа во Германија за можно нарушување на пазарната конкуренција