СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Зелените коридори го забрзуваат протокот на стоки во услови на коронакризата

Зелените коридори го забрзуваат протокот на стоки во услови на коронакризата и ќе продолжат да функционираат да ѝ помогнат на бизнис заедницата да стане поконкурентна, истакнаа при денешната посета на граничниот премин Табановце-Прешево, претставниците на Царинската управа на РСМ, која годинава претседава со Поткомитетот за царина и потекло во рамки на CEFTA, и претставниците на CEFTA Секретаријатот, ЕУ транспортната заедница и Советот за регионална соработка.

Зелениот коридор кој е иницијатива на македонската царина им овозможува на камионите полесно да ја преминат границата, на 24 часовно отворениот коридор, да го сведат времето на чекање на минимум. Во пандемијата коридорите почнале да ги користат камионите кои превезуваат медицински средства, лекови, зеленчук, прехранбени продукти.

Директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски вели дека овој проект за кој царината се залагала и пред и за време на пандемијата ја потврдува соработката помеѓу надлежните институции. Тој потсети и на функционирањето на One Stop Shop и го оцени како прв чекор за економско и регионално соработување

– Се овозможи слободен проток на стоките 24/7 и тие одиграа клучна улога во намалувањето на негативните ефекти во самата криза врз економиите на ЦЕФТА страните. Овие зелени коридори заедно со приоритетните ленти ќе претставуваат и идна цел на Царинската управа на РСМ во контекст на нивно проширување и овозможување доколку е можно да бидат воведени на самите граници помеѓу ЦЕФТА страните со членките на ЕУ тие ќе бидат приоритет и во она што се очекува да биде усвоено оваа есен односно акцискиот план за единствената регионална економска област 2 во која како царинска управа ќе дадеме свој придонес и очекуваме сето тоа во понатамошниот период да има големо влијание врз подобрување на регионалната и економската соработка, рече Танасоски.

Одговарајќи на новинарски прашања директорот на Царината рече дека Владата, премиерот, министерствата разговараат со бизнис заедницата за воведувања одредени олеснувања за да ѝ помогнат

– Она што го прави Владата во комуникација со бизнис секторот во контекст на тоа каде може да се интервенира за да може да се олесни и зголеми конкурентноста на самите економски оператори. Во тој контекст беа направени средби на надлежни министри премиерот и очекуваме во брзо време покрај четвртиот сет на мерки и континуирано да се преземат мерки за олеснувања дали од царински стапки или други давачки за олеснување на работењето на претпријатијата за време на корона криза. Четвртиот пакет ќе биде пакет на олеснување на последиците од ковид, а ова за кое ние разговараме е посложен процес за кој треба да се направи анализи од различни институции, да се седне уште еднаш и да се видат сите можности да се излезе во пресрет на бизнис заедницата, рече Танасоски.

Во меѓувреме и од ЦЕФТА најавија дека ќе направат одредени зајакнувања во договорот помеѓу земјите членки, за да се зајакнат механизмите за решавање на споровите помеѓу државите кои досега се надминуваа на билатерално ниво.

Поврзани вести

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија за справување со последиците од КОВИД-19 одат во фаза на финална селекција

msp-admin

Златото и понатаму е „рај“ за инвеститорите

msp-admin

Fiat инвестира милијарди евра во фабрика во Европа

Влатко Зорба