СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Жито Лукс во донаторска акција за Институтот Козле

Жито Лукс во соработка со Тинекс Маркетите ќе реализира хуманитарна акција наменета за потребите на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје. Во периодот од 22.12. до 12.01.2021 година, за секој купен производ од компанијата во било кој од маркетите на Тинекс, дел од средствата ќе се издвојуваат и понатаму ќе бидат донирани за помош и подобрување на условите на функционирање на Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

„Времето во коешто живееме, односно во услови на пандемија со која што се соочува човештвото, секојдневно нѐ уверува дека здравјето треба да претставува врвен приоритет на секое општество, а здравјето на децата пак, кои се столбот, односно иднината на нашата заедница е најголема благосостојба. Токму поради тој факт, здравствените установи во кои што се згрижуваат најмладите пациенти се во постојан фокус кога станува збор за општествено одговорните активности на нашата компанија. Оттаму, во соработка со компанијата Тинекс, одлучивме во периодот на празниците да реализираме голема хуманитарна акција преку која што со купување на наши производи од овие маркети ќе се соберат средства и ќе се донираат за потребите на водечкиот Институт за белодробни заболувања кај децата во земјава“ – изјавија од компанијата Жито Лукс.

Директорот на Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле М-р. Д-р. Спец. Ангелчо Андоновски, со особена радост ја поздрави ваквата иницијатива, истакнувајќи дека е од исклучителна важност во овие кризни моменти за здравствениот систем и за државата воопшто.

„Компанијата Жито Лукс со години наназад умее да ги препознае вистинските приоритети кога станува збор за помагање во делот на здравството и е наш долгогодишен верен соработник и активен донатор. Свесни сме дека човештвото во овие моменти се соочува со најголемите предизвици кои што ги погодуваат речиси сите сфери од животот и поради тоа ваквите хуманитарни aкции се од непроценливо значење. Ги повикувам и останатите компании да го следат примерот на компаниите Жито Лукс и Тинекс со надеж дека во рамките на нивните можности ќе можат да придонесат за полесно справување со Ковид кризата што ги погодува здравствените установи ширум земјата“ – изјави М-р. Д-р. Спец. Ангелчо Андоновски.

Компанијата Жито Лукс, има богата традиција при реализирање донации во Институтот, започнувајќи од медицински апаратура, мебел за опремување и подобрување на болничките услови како и производи од сопствената палета.

Поврзани вести

Продажбата на недвижнини во САД се искачи над очекувањата

Влатко Зорба

Наставата на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува на 5 октомври

msp-admin

5 години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

msp-admin