СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Bitcoin падна до 35.300 американски долари

Вредноста на Bitcoin (BTC) денес изгуби 13,78 отсто и падна на 35.383 американски долари во моментот на пишување на материјалот, според податоците на CoinMarketCap.

Вредноста на дигиталната паричка достигна вредност од 40.000 американски долари пред три дена, што беше ново рекордно ниво на сите времиња.

Вредноста на BTC ја надмина вредноста од 30 000 $ за прв пат на 2 јануари, а само неколку недели порано, таа криптовалута за прв пат достигна 20 000 долари.

Минатата година, цената на Bitcoin скоро се зголеми тројно, достигнувајќи ниво над 29.000 американски долари.

Инвестициската банка „JPMorgan“ објави храбра долгорочна прогноза за целната цена на Bitcoin во понеделникот, тврдејќи дека оваа криптовалута може да се искачи на дури 146 000 долари, натпреварувајќи се со златото како „алтернативна“ валута.

Поврзани вести

Litecoin за кратко стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација

Влатко Зорба

Уште еден голем хеџ фонд ќе инвестира во Биткоин

Влатко Зорба

Visa ќе прифаќа плаќања со криптовалутата USD Coin

Влатко Зорба