СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск веќе размислува на кого да ги подари парите

Елон Маск не е само најбогатата личност на планетата во моментот, туку и некој што неодамна забележа највисоко ниво на нето вредност досега, што е 209,3 милијарди долари.

Сепак, за разлика од другите богати луѓе, неговите фанови веруваат дека тој е „скромен милијардер“, кој пред се размислува за придобивките за човештвото, за правење и создавање на нешто значајно, пред да заработи огромни пари.

Во согласност со тоа е и неговиот твит од пред некој ден, во кој Маск пишува вака: „Патем, критиката секогаш е високо ценета, како повратна информација, исто како и начините за донирање пари, но и оние начини што прават разлика“.

Основачот на две успешни компании „Тесла“ и „СпејсИкс“ и е познат на јавноста по тоа што е активен на Твитер, каде честопати остава интригантни коментари, а интересна е и неговата прва реакција на богатството што го поседува.

Имено, Маск дури и не „стигна“ да се пофали со успехот забележан пред се во 2020 година, но веднаш ги сподели со своите следбеници своите размислувања за тоа каде може да ги донира тие силни пари, односно барем дел од нив.

Маск не е единствениот милијардер кој донира пари, но се чини дека е најсимпатичен.

Бил Гејтс и неговиот пријател Ворен Бафет се соосновачи на иницијативата „Giving Pledge“, која ги охрабрува ултрабогатите да донираат барем половина од своето богатство, а тие самите дадоа десетици милијарди во готово и акции.

Дури и Џеф Безос, до вчера најбогатиот човек на планетата и сопственик на „Амазон“, кој беше критикуван дека навистина не се истакнува како филантроп, го зголеми својот ангажман на тоа поле.

Поврзани вести

Битолска млекара предвремено го плати данокот на добивка во вредност од 15 милиони денари

msp-admin

Милјардер бара 8 лица за лет до Месечината

Влатко Зорба

Акциите на „Тесла“ за прв пат скокнаа над 1.000 долари

msp-admin