СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин вреди повеќе од Visa и Mastercard заедно

Во моментов, една дигитална монета – биткоин – вреди близу 56.000 долари, додека таа вредност беше значително надмината за викендот, кога беше 61.700 долари.

Сè на сè, најпознатата криптовалута постојано расте, со занемарливи падови, кои главно се последица на она што се случува во САД. Според извештајот на РТ, вредноста на сите биткоини во моментов е поголема од вредноста на Visa и Mastercard.

Нивната комбинирана пазарна капитализација е 871 милијарди американски долари, додека биткоинот моментално капитализира со нешто повеќе од 1 трилион долари.

Како што понатаму се наведува, оваа алтернативна валута од нула достигна пазарна вредност од 1.000 милијарди долари, 3,6 пати побрзо од Microsoft. Кога биткоинот достигна рекордна вредност за време на викендот, тој исто така беше повреден од трите најголеми светски банки заедно.

Во тоа време, неговата пазарна капитализација се приближуваше на нивото од околу 1,15 трилиони долари, додека вредноста на „JPMorgan“, Банката на Америка и Индустриската и трговската банка на Кина (ICBC) – заедно изнесуваше 1,08 трилиони долари.

Потсетуваме, според Чарли Билел, извршен директор и основач на компанијата „Compound Capital Advisors“, биткоинот е средство со најдобри изгледи во последните 10 години. Зад него стои американскиот индекс Nasdaq 100.

Извори од „Econometric“ за аналитика на крипто-пазарот велат дека на 13 март, вредноста на биткоинот била еднаква на 45 проценти од средствата на инвеститорите – инвестирани во злато и одговарало на удел од 10 проценти од физичкиот пазар на злато како целина. Сепак, за да навистина се потисне златото, се проценува дека биткоинот треба да се тргува по цена од 590.000 долари.

Поврзани вести

НОВ РЕКОРД: Етереум надмина 3.400 долари!

Binance сака луѓето да користат крипто-средства преку нивната нова услуга

Влатко Зорба

Шефот на Coinbase ќе добива бонус од милион долари на ден доколку ја извади на берза

Влатко Зорба