СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Босна има своја криптовалута – почна со трговија на светско ниво

Криптовалутата на Босна и Херцеговина RuXCrypto (RXC) котира на берза лиценцирана од регулаторот на ЕУ – Whitebit и таму се тргува од вчера.

Станува збор за криптовалута која се „копа“ од 25 септември минатата година, а излегувањето на оваа европска берза е голем успех и потфат.

Сето ова благодарение на ентузијастите предводени од Неџад Смајиќ и порталот специјализиран за блокчеин технологиите – Crypto.ba.

„Се занимавам со криптовалути долго време, околу 10 години. Поминав долго време на светски берзи и форуми каде што можев да научам многу за технологијата за која не можете да научите насекаде. На форумот Bitcointalk, еден на најпознатите форуми, бев многу активен и имав квалитетна сметка затоа што многу придонесов за таа заедница“, рече Неџад Смајиќ Рукс, основач на заедницата Crypto.ba.

Имено, за време на пандемијата на коронавирус што го погоди целиот свет минатата година и ја потенцираше важноста на криптовалутите и преминот кон нови технологии, Crypto.ba ја лансираше споменатата криптовалута, создадена како community криптовалута и како начин за промовирање на криптовалути, особено кај младите луѓе.

Како што беше претходно најавено, RuXCrypto исто така ќе биде достапна на берзата BCX во Србија.

Поврзани вести

Шефот на Coinbase ќе добива бонус од милион долари на ден доколку ја извади на берза

Влатко Зорба

Биткоин вчера ја помина магичната граница, денеска повторно запиша пад

Влатко Зорба

Greenidge ќе биде првата јавна компанија за „копање“ на биткоин со сопствена електрана

Влатко Зорба