СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Дали ова ќе биде најуспешниот месец за Биткоин?

Најпопуларната криптовалута во светот, Биткоин, постави нов рекорд минатата ноќ кога вредноста на дигиталната монета беше околу 61.500 долари околу 21,30 часот по наше време. Во моментов паричката се тргува за околу 60.331 долари, според „Коиндеск“.

Во изминатите 24 часа, вредноста на криптовалутата се зголеми за 5 проценти.

Да потсетиме, од почетокот на оваа година, Биткоинот зајакна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 570%.

Неколку фактори придонесоа за вртоглавиот пораст на криптовалутата, а еден од главните е растот на интересот на големите институционални инвеститори, како и инвестициите на корпорациите како „Тесла“, „Сквер“ и „Микростратеџи“ во биткоин.

Охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на Голдман Сакс за најпопуларната криптовалута исто така придонесоа за растот на паричката.

Друга од најреномираните инвестициски банки лансира производ во кој инвеститорите ќе добијат можност да инвестираат во 11 акции на компании фокусирани на биткоин. Според извештајот до SEC, новиот производ е должнички инструмент наречен JPMorgan’s Cryptocurrency Exposure Basket, кој содржи „нерамномерно пондерирана“ корпа за референтни акции кои или поседуваат крипто-валута или прават деловни активности со неа.

Поврзани вести

Биткоинот падна за повеќе од 6 проценти

Влатко Зорба

Првата фаза од швајцарскиот закон за блокчејн стапува на сила

Влатко Зорба

Финските власти ќе продаваат запленет Bitcoin вреден 79 милиони долари

Влатко Зорба