СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Robinhood ќе овозможи повлекување и депозити на криптовалути

Апликацијата за онлајн тргување со акции, Robinhood вели дека планира да дозволи повлекување и депозити на криптовалути, вклучувајќи Dogecoin.

Со твит во средата, од апликацијата соопштија дека „целосно има намера“ да обезбеди дополнителна функционалност, иако не е утврден датум кога може да се активира.

Во моментов, трговците можат да купуваат и продаваат само крипто-средства во апликацијата, според страницата за поддршка.

Објавата на Twitter се појави еден час пред Блумберг да објави напис во кој се тврди дека Robinhood е сопственик на најголемото портфолио на Dogecoin во светот.

Што треба да знаат трејдерите пред да користат платформи како Robinhood?

Robinhood на Twitter објави дека „во моментов не инвестира во криптовалута или користи криптовалута на клиентите во своја полза“.

Популарната платформа за тргување неодамна се најде на удар откако минатиот месец им ја ограничи можноста на корисниците да купуваат криптовалути и акции на GameStop.

Како главна причина, Robinhood ги наведе „вонредните услови на пазарот“, пред подоцна да тврди дека нејзината клириншка компанија ги зголемила трансакциските такси повеќе од она што Robinhood може да си дозволи да го плати. Со други зборови – тие имаа проблем со ликвидност, нешто што шефот Тенев првично категорично го негираше.

За време на непостојаниот период, компанијата собра 3,4 милијарди долари во фонд за итни случаи.

Решението за „ограничување на моменталната куповна моќ на крипто-средства“ значи дека потрошувачите мора да прибегнуваат кон употреба на регулирани средства за своите набавки.

Извршниот директор на Robinhood, Влад Тенев ќе сведочи пред Конгресот во четврток за тоа што се случи за време на сагата „GameStop“, предводена од трговската групација „Reddit r / WallStreetBets“.

Во писмениот вовед, Тенев рече дека неговата компанија „воведе карактеристики што им ги отворија вратите на многу инвеститори кои историски немаа пристап до берзата“.

Обидите на Тенев да застане на страната на „малиот човек“ се чини дека не се добро прифатени. Имајте на ум – Тенев бара да го отвори пазарот за малите потрошувачи, бидејќи тој самиот има корист од тоа, не затоа што е… Робин Худ. Неговата платформа не наплатува такси, но Robinhood продава информации за позициите (протокот на нарачки) на своите корисници на големи хеџ фондови.

Поврзани вести

Дан Лоеб – уште еден милијардер во светот на криптовалутите

Влатко Зорба

„Моментот на вистината“ за дигиталното евро пристигнува во април

Влатко Зорба

Маск објасни зошто инвестирал во биткоин, а не во доџкоин

Влатко Зорба