СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

iPhone 12 доминира на 5G пазарот во САД

Според PCMag, iPhone 12, 12 Pro Max и 12 Pro се најпродаваните 5G телефони во САД.

Овие извештаи доаѓаат од истражувачката фирма „M Science“, која ги собира своите податоци од продажбата на уреди, и корисниците на Ookla Speedtest.

Наведениот сет на податоци вклучува продажба во недела од 23 јануари и не ги вклучува телефоните Samsung Galaxy S21 кои во тоа време сè уште не започнале со испорака. Ова не се официјални извештаи, затоа треба да се земат со резерва, но „M Science“ досега обезбеди веродостојни информации за состојбата на продажбата на iPhone 12 Pro Max и 12 Mini.

Apple влезе во 5G играта малку подоцна во споредба со Samsung, кој го лансираше Galaxy S10 5G во 2019 година. Во денешно време, 5G веќе не е резервиран за телефони од премиум класа, но се повеќе гледаме поддршка и за телефони од средна класа. На пример, минатиот месец Samsung го претстави Galaxy A32, неговиот најевтин 5G телефон со цена од 279 евра за 64 гигабајти и 299 евра за верзија со 128 гигабајти.

Поврзани вести

Џони Ајв веќе не е дел од Apple

msp-admin

Помпео: Поради однесувањето на Кина, државите ќе размислат за Хуавеи

msp-admin

Кој е првиот човек во историјата со богатство поголемо од 200 милијарди долари?

msp-admin