Милијардерот Дан Лоеб призна претходно оваа недела дека влегол во светот на криптовалутите.
„Неодамна нурнав длабоко во крипто“, напиша на Твитер славниот играч од светот на хеџ фондовите.
„Тоа е вистински тест за интелектуална отвореност кон нови и контроверзни идеи“,истакна тој.
Криптовалутите не се баш нови, но дигиталните монети како биткоинот се предмет на многу полемики. Минатата недела, биткоинот падна за 20%, што е најмногу од распродажбата предизвикана од пандемијата во март. Пред две недели достигна рекордно ниво од 58.000 долари.
Бил Гејтс неодамна ги олади инвеститорите со своите коментари кои сакаа да станат нешто како Елон Маск – најбогатиот љубител на криптовалути во светот – со купување дигитални парички.
Коментарите на Лоеб беа всушност одговор на блогот објавен со наслов „NFT и илјада вистински фанови“ од Крис Диксон, генерален партнер во фирмата за ризичен капитал Andreessen Horowitz. Во објавата, Диксон ја објаснува улогата што ќе ја играат незаменливите токени на дигиталните креатори.
NFT станаа жешка стока во последните неколку недели, иако тие сè уште предизвикуваат недоверба кај обичните смртници. Во основата на овие дигитални уметнички креации се јавно доверливи записи – незаменливи токени – кои ја припишуваат сопственоста и го потврдуваат нивното потекло преку јавни блокчеини. Диксон тврди дека креаторите на NFT, како уметниците, ќе го олеснат правењето пари преку Интернет со одбивање на посредници.
Во меѓувреме, биткоинот надокнади дел од загубите од минатата недела, а поттик за ваквото сценарио беше вчерашното објавување на анализата на Citi, потенцирајќи го потенцијалот на биткоинот.