СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Извештај на „Дојче банка“: Невозможно е да се игнорира биткоинот

Уште во есента минатата година, стратегот на „Дојче банка“, Џим Рид, објави неизбежност за понатамошен раст на вредноста на биткоинот.

Според овој експерт, биткоинот сè повеќе ќе се гледа како безбедно засолниште од растечките ризици на инфлација. Затоа, интересот за оваа дигитална паричка брзо ќе расте, рече тогаш Рид.

Околу шест месеци подоцна, група аналитичари од истата германска банка објавија извештај во кој се наведува дека е невозможно да се игнорира биткоинот. Неговата вкупна вредност веќе надмина еден трилион (1.000 милијарди) долари, а влијанието на овој инструмент значително се зголеми во споредба со минатата пролет.

Вредноста на биткоинот ќе продолжи да расте кога новите компании за управување со средства ќе влезат во крипто-сферата, велат аналитичарите на „Дојче банка“, но предупредуваат дека биткоинот ќе остане нестабилен инструмент, пренесува SEEbiz.

Употребата на биткоин како платежно средство денес е значително помала во споредба со фиат парите, како што се јапонскиот јен или британската фунта.

Меѓутоа, ако модернизацијата на глобалниот финансиски систем се забрза, бројот на трансакции со биткоин при плаќање на стоки и услуги може да стане пропорционален на износот на готовина, се наведува во извештајот.

Поврзани вести

Биткоин повторно во минус

Скарамучи: Биткоинот лесно може да стигне до 100.000 долари следната година

Влатко Зорба

Индија ги забранува криптовалутите

Влатко Зорба