СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Маск предупредува: Бидете внимателни кога инвестирате во криптовалути (ВИДЕО)

Елон Маск ги предупреди инвеститорите да бидат претпазливи со криптовалутите пред неговото деби во „Saturday Night Live“.

„Криптовалутите ветуваат, но инвестирајте внимателно!“, напиша Маск на неговиот профил на Твитер во петокот.

Маск има над 53 милиони следбеници на Твитер. Тој сподели информации за криптовалутите со нив, заедно со видео од гостување на ТМЗ.

На видеото, Маск истакнува дека треба да се биде внимателен со заштедите и криптовалутите.

„Како прво, не мислам дека луѓето треба да ги вложат своите заштеди во криптовалути. Тоа не е паметно “.

Додаде дека има големи шанси крипто да стане главна валута на Земјата, но дека никој не знае која паричка ќе стане најисплатлива.

Инвестирањето пари во криптовалути во овој момент треба да се смета за шпекулација, вели извршниот директор на Tesla.

Поврзани вести

Измамите со давање на бесплатни крипто-средства генерира над 500.000 $ неделно

Влатко Зорба

Корекцијата изгледа неизбежна за Биткоин – еве зошто!

Влатко Зорба

Јужна Кореја: Сите берзи за криптовалути може да бидат затворени

Влатко Зорба