СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Оракл би можел да биде следниот голем купувач на Биткоин

Макс Кајзер, инвеститор во криптовалути и основач на Хајзенберг Капитал, на Твитер сподели, повикувајќи се на извор, дека Лери Елисон, шефот на Оракл, е следниот голем корпоративен лидер кој ќе купува Биткоин.

Елисон, ко-основач на глобалната компанија за компјутерска технологија Оракл, е поборник на блокчеин технологијата, откако претходно рече дека има употреба во сите области.

Според Форбс, Елисон вреди над 89 милијарди долари со инвестиции во многу области на финтек индустријата. Коосновачот на Оракл има и удели во Тесла, компанија за електрични автомобили основана од друг поддржувач на Биткоин – Елон Маск.

Ако Кајзер е во право, Елисон ќе се приклучи на новата класа милијардери кои купуваат Биткоин, како што се Маск и Марк Кубан.

Сепак, не само милијардерите влегуваат на пазарот. Некои од најголемите светски компании ја разгоруваат растечката побарувачка за криптовалути и технологија за „ДЛТ“ (Distributed Ledger Technology – се однесува на технолошката инфраструктура и протоколи кои овозможуваат истовремен пристап, валидација и ажурирање на запис на непроменлив начин низ мрежата распространета на повеќе субјекти или локации).

PayPal им овозможи на своите корисници да купуваат и продаваат криптовалути претходно оваа година. Тргувањето со крипто-средства на платформата достигна 242 милиони долари за само 24 часа.

Покрај тоа, извршниот директор на Виза, Ал Кели, неодамна сигнализираше потенцијална поддршка на компанијата за обработка на криптовалути. Набргу потоа, компанијата го потврди учеството во проект за интеграција на криптовалути во банкарството.

Дури и Федералните резерви на САД објавија план за пилот платформа за непосредни плаќања, наречен ФедНау. Пилотот вклучува неколку финтек компании, вклучително и партнерот на Рипл – Волантис технолоџи.

Поврзани вести

Две криптовалути може да го надминат Биткоин, тврфи познат трговец

Влатко Зорба

Поранешна порно ѕвезда си купува Dogecoin

Влатко Зорба

И BlackRock ќе купува биткоин

Влатко Зорба