СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дефицитот на американскиот буџет е 163 милијарди долари

Јануарскиот дефицит на американскиот федерален буџет изнесува рекордни 163 милијарди долари, што е за дури 130 милијарди повеќе од дефицитот од првиот месец минатата година, а тоа е резултат на пакетот помош, кој беше исплатен на граѓани, соопшти Министерството за финансии.

Приходите на буџетот во јануари се зголемија за три проценти во споредба со истиот месец во 2020 година и изнесуваат 385 милијарди, но расходите се повисоки за 35 проценти и достигнаа 547 милијарди, пренесува Ројтерс.

Во првите четири месеци од фискалната 2021 година, дефицитот се зголеми за 89 проценти на 736 милијарди долари, приходите беа само за еден процент повисоки и достигнаа 1,19 трилиони, но буџетските расходи беа повисоки за 23 проценти и изнесуваа 1,92 трилиони.

Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека јануарскиот буџетски дефицит е зголемен за 139 милијарди заради исплата на 600 американски долари на граѓаните во рамките на пакетот помош во пандемијата.

Поврзани вести

На Црна Гора и недостасуваат 300.000 квадратни метри плажи за нормален туризам

Влатко Зорба

Со ширењето на вакцинацијата, се намалува бројот на ковид-милијардери

Влатко Зорба

ЕЦБ: Банките сè уште не го почувствуваа целосниот ефект на кризата

Влатко Зорба