СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Доџкоин доби нови фанови – Далас Маверикс

Се поизвесно е дека доџкоин (dogecoin) оди подалеку од рамките на шеги и пародии на „сериозните“ криптовалути.

Американскиот кошаркарски клуб Далас Маверикс, во сопственост на милијардерот Марк Кубан, треба да започне да ја прифаќа оваа криптовалута како форма на плаќање за билети и стока.

Кубан за DealBook изјави дека тој и неговиот кошаркарски тим се одлучиле за ова, „затоа што можат“. Милијардерот додаде дека „понекогаш во бизнисот треба да се прават забавни работи“.

Според „Бизнис инсајдер“, ова не е прв пат тимот да прифати криптовалута како плаќање. Во мај 2019 година, тој започна да прифаќа биткоин „со цел да им понуди на глобалните обожаватели на „Мавси беспрекорно искуство со купување“. Како и биткоинот, трансакциите со доџкоин ќе се вршат преку BitPay, процесор за плаќање на криптовалути.

Бизнисменот се интересира за доџкоин, честопати објавувајќи ги своите „симпатии“ преку Твитер. Така, тој неодамна твиташе за купување доџкони со цел, како што е наведено во текстот, да го научи неговиот син за инвестирање.

Доџкоин, кој го претставува кучето Шиба Ину како своја маскота, беше создаден во шега во 2013 година, но оттогаш е во центарот на вниманието на јавноста во голема мерка благодарение на познати личности како што се Елон Маск и Снуп Дог. Во февруари, Маск ја катапултираше цената на криптовалутата за 25% со само еден твит.

Паричката доби и поттик кога компанијата за банкомати за Bitcoin, CoinFlip објави на Твитер дека фановите на „доџ“ сега можат да ја купат таа криптовалута во готово на која било од 1.800 локации низ Америка.

И покрај нестабилноста на криптовалутата, доџкоин бележи постојан раст во последните месеци. До денес, тој порасна за 825,24 проценти.

Поврзани вести

Платил две пици со 10.000 биткоини пред 11 години

Влатко Зорба

Ethereum достигна 1.500 долари – 2.600 е на хоризонтот?

Влатко Зорба

FCA: Инвеститорите во Bitcoin може да ги изгубат сите свои пари

Влатко Зорба