СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Продолжува агонијата на крипто-берзите

Продажбата на биткоин, која започна во средината на минатата недела, продолжи за време на викендот, откако властите во Кина и САД објавија дека ќе започнат со заострување на прописите и усогласување на даноците за криптовалутите.

Биткоинот падна за 16 проценти во неделата, на 31,772,43 долари, според „Coin Metrics“.

Најголемата криптовалута во светот се тргуваше во петокот попладне по цена од 35.981,20 долари, потсетува „CNBC“.

Продажбата на биткоин претставува голем пресврт од претходниот тренд, кога оваа дигитална валута силно зајакна како резултат на поддршката меѓу големите банки на Вол Стрит и јавно тргуваните компании.

Овој месец, сепак, сè се преврте наопаку по низата негативни наслови поврзани со изјавите на влијателни инвеститори и бизнисмени, како што е шефот на „Тесла“, Елон Маск и одлуките на државните регулаторни тела.

Етереум во неделата забележа уште поостар пад, „потона“ за дури 18 проценти на 1.922 долари во еден момент, што е 60 проценти под својата рекордна вредност регистрирана на почетокот на овој месец од 4.382,73 долари, пренесува MarketWatch

Според последните достапни податоци, Етереум се тргува со 2.033 долари, што е за 13 проценти помалку.

Популарната „меме“ валута, доџкоин се тргува по цена од 29 центи, исто така 60 проценти под највисокото ниво од околу 74,07 центи, што го допре на почетокот на мај, објави Танјуг.

Поврзани вести

Grayscale купуваат над 5.000 Bitcoin за помалку од 24 часа

Влатко Зорба

Топ трејдер го определи NOIA како „заспан гигант“

Влатко Зорба

Биткоинот ја надмина пазарната капитализација на руската рубља

Влатко Зорба