Британската услуга за дигитално банкарство „Revolut“ додаде уште единаесет криптовалути за трговија во Велика Британија и Европската унија.
Според објавата на блогот во четвртокот, се работи за кардано (ADA), унисвап (UNI), синтетикс (SNX), јерн.фајнанс (YFI), УМА, банкор (BNT), фајлкоин (FIL), лурпинг (LRC), нумерер (NMR), граф (GRT) и орхид (OXT).
Оваа понуда е всушност продолжение на она што веќе им се нуди на корисниците на „Revolut“ и станува збор за четири нови токени, вклучително и EOС и тезос во декември 2020 година.
„Revolut“ започна да нуди услуги за трговија со крипто-средства во јули 2017 година, почнувајќи со биткоин пред да биде вклучен во понудата етер и лајткоин подоцна истата година.
„Revolut“ има над 15 милиони корисници ширум светот, минатата година ја прошири својата крипто-понуда во Австралија и 49 држави во САД.