Некои од најголемите фондови за финансирање универзитети во Соединетите Американски држави тајно купувале криптовалути во изминатата година преку сметки што ги држеле во Coinbase и други берзи.
Според два извори запознаени со ситуацијата, Харвард, Јеил, Браун и Универзитетот во Мичиген, како и неколку други колеџи, купиле крипто-средства директно на берзите.
Неколку фондови на „Ајви Лигата“ се заинтересираа за блокчејн преку фондови за ризичен капитал фокусирани на крипто-средства во 2018 година.
„Има многу“, рече извор, кој побара да не биде именуван.
„Во моментов, многу од фондовите на донатори се насочени кон крипто-средства“.
Донациите на универзитетите добија еднократно споменување во годишниот извештај на Coinbase за 2020 година, но без именувања.
Според еден извор, некои од дотичните универзитетски фондови можеби имале сметки на Coinbase 18 месеци.
„Може да биле присутни од средината на 2019 година“, рече изворот.
„Повеќето беа најмалку една година. Мислам дека веројатно ќе разговараат јавно за тоа некаде годинава. Се сомневам дека „седат“ на прилично [добар поврат]“.
Донациите на универзитетите се средства од капитал акумулиран од академски институции, често во форма на добротворни донации. Овие средства, кои поддржуваат настава и истражување, можат да бидат распределени во разни средства за инвестициски цели.
Фондот на Харвард е најголем со над 40 милијарди долари средства под управување. Јеил има над 30 милијарди долари, Мичиген има околу 12,5 милијарди долари, додека Браун има 4,7 милијарди долари. Не е познато колку секој фонд има инвестирано во криптовалути, но тоа е веројатно дел од процентот на нивните вкупни средства.
Уште во 2018 година, Главниот инвестициски директор на Универзитетот Јеил, Дејвид Свенсен, привлече внимание поддржувајќи два фонда за вложување криптовалути, еден управуван од Andreessen Horowitz и друг лансиран од коосновачот на Coinbase, Фред Ершам и поранешниот партнер на Sequoia Capital – Мет Хуанг.
Неколку други универзитети го следеа Јеил за поддршка на крипто-средства, вклучително и Харвард, Стенфорд, Дартмут колеџ, Технолошки институт во Масачусетс, Универзитетот во Северна Каролина и Мичиген. Јасно е дека некои од овие училишта се чини дека го прават следниот чекор инвестирајќи директно во крипто-средства.
Вториот извор, кој е вклучен во светот на крипто-хеџ фондовите, посочи на „голема промена“ во последните неколку месеци.
„Гледаме дека пензиските планови со дефинирани доходи се приближуваат до [распределба на средства за криптовалути]. Гледаме дека јавните пензискипланови се приближуваат до оваа дистрибуција“.
„Да го слушнев тоа пред три години, ќе кажев дека не е во ред“, рече Ари Пол, коосновач на BlockTower Capital и претходно менаџер за инвестиции на Универзитетот во Чикаго.
„Но, на многу институции веќе им е пријатно со Биткоин. Тие го разбираат и можат едноставно да го купат директно, се додека е од регулиран субјект како Coinbase, Fidelity или Anchorage“.