СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

За прв пат во последните 14 недели, биткоин падна под 40.000 долари

За прв пат во последните 14 недели, најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, минатата вечер падна под 40.000 американски долари, откако продолжи големата продажба, која започна пред седум дена.

Монетата изгуби повеќе од 13% од својата вредност и падна на 38.585,86 американски долари при тргување околу 12:54 часот по источно-американско време, објави „CNBC“. Ова е исто така најниско ниво на кое се наоѓал биткоинот од 9 февруари.

Продажбата беше поттикната од негативни вести минатата недела, кога извршниот директор на Тесла, Елон Маск објави дека неговата компанија го прекинала купувањето возила со биткоини – поради еколошки причини. Претходно, Маск ја девалвираше вредноста на етереумот со своите изјави.

Коментарите на Маск придонесоа повеќе од 300 милијарди долари да бидат избришани од целиот пазар на криптовалути тој ден. Патем, само три месеци пред објавувањето на суспензијата, „Тесла“ откри дека купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека ќе започне да ја прифаќа оваа валута како платежно средство.

И покрај последниот пад, биткоинот е сè уште во плус за повеќе од 40 проценти од почетокот на годината до денес, додека во последните 12 месеци тој порасна дури 320 проценти. Во моментов вреди околу 39.400 американски долари.

И другите криптовалути запишаа пад во вредноста синоќа. Етер, дигиталната валута што управува со блокчеинот етереум, потона скоро 15 проценти, на 3.001,70 долари синоќа во 01:15 часот по источно време. Сега вреди околу 2.949 американски долари, според „КоинМаркетКап“. Доџкоин падна повеќе од 18% до 0,4076 долари.

Во последните 24 часа, од целиот пазар на криптовалути се избришани приближно 279,65 милијарди долари.

Поврзани вести

Биткоин надмина 60.000 долари: Кој е најзаслужен за добриот почеток на месецот?

Влатко Зорба

SEC може да покрене истрага за Маск за купувањето на Биткоин

Влатко Зорба

Биткоинот повторно расте: Вреди 61.000 долари!

Влатко Зорба