СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Royal Bank of Canada“: По „Tesla“, и „Apple“ треба да купи Bitcoin за милијарда долари

Вчера „Tesla“ стана хит во бизнис круговите откако купи Bitcoin за 1,5 милијарди долари, што ја зголеми цената на криптовалутата за 19,3% на нешто повеќе од 47.000 долари за паричка. Како и да е, „Royal Bank of Canada“ верува дека следниот гигант што ќе се приклучи на компанијата на Елон Маск е … Apple.

Според извештајот на аналитичарот на Мич Стивс, цитиран од „Zero Hedge“, компанијата со седиште во Купертино треба да се фокусира на развој на „Apple Wallet“ наместо автономни автомобили. Со него, тaa ќе може да ја искористи својата база од 1,5 милијарда корисници за лансирање на „Apple Exchangе“ – платформа за размена на криптовалути што може да додаде 50 милијарди долари на пазарната капитализација на компанијата.

Но, за да се случи тоа, „Apple“ мора да купи Bitcoin во вредност од 1 милијарда долари, што е еквивалентно на „четири дена проток на готовина“, рече смета Стивс.

„Кога мислиме на „Apple Wallet“, сметаме дека постои очигледна можност да се создаде механизам за купување и продажба на криптовалути покрај стандардните трансакции“, напиша тој во својот извештај.

„Особено, не сметаме дека „Apple“ треба да има Bitcoin како предност во билансот на состојба, иако тоа веројатно би помогнало, но треба само да им дозволи на своите корисници да купуваат и продаваат криптовалута“.

Според него, компанијата веќе има воспоставена и оперативна инфраструктура што може да и овозможи да земе голем удел на пазарот во светот на криптовалутите.

„Ако го видиме PayPal, на пример, компанијата веќе дозволува купување и продавање на криптовалута, иако не дозволува да се испраќа надвор од системот до хардверски паричник“, напиша аналитичарот.

„Иако на многу корисници не им се допаѓа овој аспект, тоа не го спречи PayPal да генерира дополнителни приходи во затворениот екосистем“.

И, иако тој не смета дека „Apple“ треба да користи Bitcoin во билансот на состојба, тој верува дека мала количина криптовалута во неа ќе помогне во финансирањето на таква берза.

„Ако погледнеме од поинаков агол и претпоставиме дека трошоците за развој на крипто-портфолио / берза ќе го чинат екосистемот на „Apple“ 500 милиони долари, тие можат синтетички да го финансираат вложувањето со стекнување на соодветно средство, односно Bitcoin“, напиша Стивс.

„На пример, ако компанијата купи Bitcoin за 5 милијарди долари (што претставува нејзин проток на готовина за 20-25 дена), цената ќе се зголеми за 10% со цел компанијата првично да го финансира развојот на портфолиото. Ова е позиција со солидна вредност според наше мислење, бидејќи бизнисот ќе се финансира без одземање средства од други проекти на компанијата“, посочи Стивс.

Поврзани вести

Етереум достигна рекордна вредност

Влатко Зорба

Сејлор го промовира Биткоин пред 7.000 компании

Влатко Зорба

Биткоин вчера ја помина магичната граница, денеска повторно запиша пад

Влатко Зорба