СТАНДАРД life
МК Сцена

📸Дарко Влогс по подолг период се врати во Македонија: „Еден рил, илјада емоции“

„Добредојде дома“ – му порачуваат следбениците на нашиот инфлуенсер Дарко Влогс, кој деновиве се врати на одмор во родната земја и секако, моментот го одбележа со кратко видео од плоштадот „Македонија“ во Скопје.

За оние што не знаат, Дарко Јефремов, попознат како Дарко Влогс, се прослави снимајќи видеа во САД, а откако подолго време правеше пауза на социјалните мрежи, минатата година пак се врати на Инстаграм во пофит издание од кога било.

Очигледно, е дека за време на престојот во татковината не планира да се откаже од строгиот режим на вежбање и одржување кондиција, па во Стори објави фотка дека денот го започнал со трчање по кејот на Вардар.

Инаку, тој и сопругата Даниела живеат и работат во САД, а очигледно летово нашиот инфлуенсер одлучил да не ја пропушти можноста да ја посети татковината.

„Еден рил, илјада емоции“ – напиша тој до краткото видео, на кое се гледа како го остава мобилниот телефон и се оддалечува за да се сними на плоштадот во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs)

Поврзани вести

„Среќен да си Џамбаз“ – Македонската естрада му го честита роденденот на нашиот најпознат шоумен

Urednik

📽 Антониа Гиговска за својот 23 роденден со нова песна: „Мразам што те сакам“

Radmila Tasevska

Кино Љубов ја започнува својата приказна пред македонската публика

Radmila Tasevska